Зелена Берза

За прв пат во Македонија со работа започнува првиот специјализиран интернет портал www.zelenaberza.com.mk каде што ќе биде концентрирана понудата и побарувачката на земјоделски производи од земјата и странство. За таа цел ве известуваме дека од денес вашите огласи можете да ни ги испраќате на електронската адреса на нашата страна: oglasuvaj@zelenaberza.com.mk Пратејки ги светските трендови, дизајниравме портал на кој пред се ви обезбедуваме предуслови за промовирање, пласман и продажба на индивидуалното производство на земјоделски производи, како и полесен пристап до понудата на сите заинтересирани посредници или крајни потрошувачи – откупни центри, ресторани, маркети, пазари…. Идејата за ваков потег беше да се обезбеди интернет простор каде што ефективно и ефикасно ќе се тргува исклучиво со земјоделски производи, па затоа примарната цел на овој портал е да се спојат купувачите и продавачите на истите во Р.Македонија, но и со соседните земји Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Албанија, Италија… Освен тоа www.zelenaberza.com.mk постојано нуди свежи информации, од полето на аграрот како на регионално, така и на светско ниво, кои ќе овозможат постојано следење на модерните земјоделски текови, споделува искуства, советува преку консултации со еминентни стручњаци и дава шанса за рекламирање на сите правни лица на кои земјоделските производи им се во полето на работа и интерес. Огласувањето е бесплатно во основниот огласен простор, а поставувањето на коментари ви дава можност од развој на дискусии, подобро запознавање, промовирање и подобрување на производството! За дополнителни информации, контактирајтене на info@zelenaberza.com.mk Со почит, Тимот на ЗЕЛЕНА БЕРЗА