Kupigumi.mk

Нашата онлајн трговијата КУПИ ГУМИ ДОО Скопје е основана уште во декември 2015 година и целосно го редефинира искуството на онлајн нарачување и купување на производи преку својата напредна веб страна www.kupigumi.mk. Oтсега ќе можете да купувате пневматици, автомобилска опрема и наскоро автомобилска козметика брзо, лесно и по најдостапни цени. Нашата веб страна поседува највисоко ниво на безбедност каде вашите лични податоци се секогаш сигурни и заштитени. Oнлајн трансакциите со платежните картички ќе можете да го извршите брзо и лесно преку сертифицираниот процесинг центар на CaSysи УНИБанка. Вашите нарачани или купени производи ги доставуваме во цела Македонија, до секој град и населено место. Доставната служба испорачува во работните денови и сабота во рок од 24-48 часа од потврдувањето на вашата нарачка. Наскоро нашата онлајн продавница за пневматици ќе ви овозможи и монтажа во овластени сервиси на нашите партнери на територијата на цела Македонија. Истовремено ќе имате и можност да договорите монтажа во овластен сервис каде веќе ќе ве чекаат нарачаните гуми од нашата веб страна, со што ќе заштедите време, пари дополнителни трошоци за достава.